Утрински Весник
Македонија

Димитров: НАТО значи безбедност, сигурни граници и инвестиции односно подобар животен стандард

Димитров: НАТО значи безбедност, сигурни граници и инвестиции односно подобар животен стандард

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Во вечерното интервју, Никола Димитров, носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, зборуваше и за успехот на државата со членството во НАТО. Според него се презела голема одговорност за идните генерации, а Северна Македонија станува безбедна и сигурна за живеење.
-Шпанскиот сенат одлучи дигитално да гласа за ратификацијта на Протоколот за влез на нашата држава во НАТО. Јас тоа го поздравувам, исто како и мојата колешка од Шпанија, но и целиот Сенат. Ние имавме полнолество, 18 циклуси на подготовки, од 2008 година голема пречка беше спорот со Грција, и требаше да се преземе одоговорност и да се мисли на идните генерации, да се инвестира лидерство и политички капитал, на начин што ги заштитува и ги промовира нештата, како македонски народ, јазик, култура и да се отклучат вратите кон иднината. Тоа беше Преспанскиот договор заедно со реформите во Армијата. Пред влез сме во НАТО и нашата безбедност ќе ја гарантираат и другите 29 држави членки, тоа носи инвестиции, го отвора пазарот, во регион во кој не се затворени многу прашања, но темелот и покривот на нашиот дом ни се обезбедени. Многу брзо Северна Македонија ќе биде 30-та членка на Алијансата,
изјави Димитров
Тоа, додаде Димитров носи сигурност, стабилност, предвиливост, сигурни граници но дава сигнал до инвеститорите и затоа носи и повеќе инвестиции, односно подобар животен стандард. дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата