Утрински Весник
Македонија

Димитров: Македонското знаме гордо се вее меѓу 29 знамиња на НАТО сојузниците

Димитров: Македонското знаме гордо се вее меѓу 29 знамиња на НАТО сојузниците
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Дојде и тој ден! Македонското знаме гордо се вее меѓу 29 знамиња на НАТО сојузниците. Безбедна и сигурна иднина!, напиша денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на неговиот официјален фејсбук профил

– Една држава е силна колку што и’ е силна армијата. Една држава е силна колку што и’ е силна економијата. Една држава е силна колку што и’ се силни демократските институции. Но една држава е исто така толку силна, колку што и’ се бројни и силни сојузниците. Во нормални и во вонредни околности. Ќе не биде!, порача на неговиот Фејсбук статус Димитров, кој ја следеше свечената церемонија на кревање на знамето на нашата земја попладнево пред седиштето на НАТО во Брисел преку видео врска заедно со премиерот Оливер Спасовски и целиот кабинет на министри во зградата на Владата.

Со церемонијата на кревање на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари