Утрински Весник
Македонија

Димитров ко-претседаваше со Заедничкиот мониторинг комитет со Европската комисија

Димитров ко-претседаваше со Заедничкиот мониторинг комитет со Европската комисија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ко-претседаваше со Заедничкиот мониторинг комитет, највисоко тело во рамките на користењето на ИПА фондовите, а во кое учествуваат претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, ИПА структурата, донатори и граѓански организации.

„Само преку искрен пристап кон отворените прашања и преку отворена комуникација со сите чинители во спроведување на ИПА може да ги придвижиме работите. На вистината и на проблемите мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците“, истакна Димитров.

На состанокот беа усвоени заеднички заклучоци кои ќе придонесат кон унапредување на утврдените слабости на системот. Секретаријатот за европски прашања редовно ќе го следи исполнувањето на овие заклучоци и препораки со строго утврдени рокови.

Покрај генералното спроведување на ИПА, административните капацитети, големите инфраструктурни проекти, на состанокот се дискутираше и за проектите како што се градење на колекторскиот систем во Скопје, градење на железницата кон Бугарија, експресниот пат Градско Дреново, проектот за поддршка на туризмот.

Со состанокот ко-претседаваа вицепремиерот Никола Димитров и претставникот на Европската комисија, Дејвид Кален.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје