Утрински Весник
Македонија

Димитров и Османи во Брисел на состаноци со министрите од Шведска и Финска

Димитров и Османи во Брисел на состаноци со министрите од Шведска и Финска
Dik 300x250 mk

Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, попладнево остварија средби со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

Акцент на разговорите на сите средби беа следните чекори на европскиот пат на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Димитров и Османи потсетија на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните, и пред сѐ, на добрососедските односи.

Министрите Линде и Хависто изразија конзистентна и принципиелна поддршка за нашите европски интеграции.

Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор