Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Нема најава за нова лидерска средба за датум за избори. Но, може да се каже дека има комуникација и се вложуваат напори да се постигне консензус, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој воедно е и носител на листата во ИЕ 1 на СДСМ. Димитров и Мила Царовска имаа, како што информираа, координатовна средба со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица.
-Меѓу нашите свети начела и цели е татковината да биде демократија. И многу е важно сите големи политички чинители да излезат на тој изборен мегдан. Треба да мислиме на државните интереси во овој момент, рече Димитров кој потсети дека изборите биле на барање на опозицијата.
Димитров ја истакна потребата од избори, имајќи предвид дека на земјата и се потребни функционални и легитимни институции и Собрание за да се справи со кризата поради пандемијата со Ковид-19. Исто така тој посочи дека нас не очекуваат пристапните преговори со ЕУ.
– Нашиот став е дека веднаш штом се исполнат законските и здравствените услови треба да ги одржиме одложените предвремени парламентарни избори, рече Димитров, посочувајќи дека токму за ова зборувале со кандидатите за пратеници. Укажа на согледувањата на СЗО и на Комисијата за заразни болести за можен втор бран на Ковид-19 наесен.
Димитров потенцираше дека преговарачката рамка која треба да биде предложена во првата половина од следниот месец од ЕК во Брисел, ќе биде наша главна водилка во сите реформи низа години нанапред. Ова е исклучително важен документ, додаде тој, изнесувајќи став дека не е сигурен оти технилка влада може да го направи целиот тој процес поврзан со него. Немањето Собрание има многу реперкусии исто така.
-Важно е Владата да има политички легитимитет да го прифати овој документ и да го води овој важен процес. Затоа изборите во овој момент се решение, а не се проблем. Тие ќе бидат организиррани во целост согласно препораките на Комисијата за заразни болести на здравствените експерти и во смисла на начинот како ќе се води кампањата и во смисла на са миот изборен ден, како ќе се гласа итн, рече носителот на СДСМ во ИЕ 1 Димитров.
Тој, како што кажа, разговарал со директорката на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, која искажала подготвенист да се вратат во земјата и да се распоредат и да ги набљудуваат изборите, согласно стандардите што ќе ги бара актуелната состојба со ковид-19.
Димитров и Царовска изразија почит за здравствените работници кои се ангажирани во справувањето со корона вирусот, но и кон комуналните работници, продавачите… до огромното мнозинство граѓани кои ги почитуваат мерките кои ни го сменија животот.
– Ова е исклучително важно да го правиме за да нема ново ширење на вирусот, рече Димитров.
Царовска најави дека таа и Димитров во наредниот период ќе работат и на промоција на тоа како треба да се користи заштитната опрема, зошто граѓаните треба да ги почитуваат овие мерки, но исто така ќе ги презентираат и сите оние активности и мерки кои беа преземени како да се спречи отпуштање на работници или како да се поддрат компаниите во оваа социоекономска криза.
Не може, додаде таа, да се прави со компромис со здравјето на граѓаните.
-Како Влада покажавме сериозност и посветеност во справувањето и со здравствената криза, но и со социоекономската криза, рече коносителката на листата во ИЕ 1, која смета дека во иднина потребна е Влада со политички мандат и потребно е инстиуциите да бидат ставени во функција се со цел поквалитетно и поинклузивно да се справуваме со сите предизвици.
Изборната програма на СДСМ, како што најавија, тие ќе претрпи промена имајќи ги предвид предизиците и промените со коишто се соочуваме поради кризата со коронакризата.ев/са/
Изјави на носителите на листите во ИР 1 на СДСМ Никола Димитров и Мила Царовска
Posted by MИА.mk on Сабота, 23 мај 2020