Утрински Весник
Македонија

Димитров имаше активна улога во градењето на позициите за Бугарија, реагира кабинетот на Заев

Димитров имаше активна улога во градењето на позициите за Бугарија, реагира кабинетот на Заев

Македонските позиции за преговорите со Бугарија се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Никола Димитров имаше активна и суштинска улога и за кои придонесе со своите ставови, реагира кабинетот на премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

Од Кабинетот на Заев велат дека Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР. Се наведува дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија.

„Македонските позиции дадени како наш одговор по однос на темите кои се предмет на разговори со Бугарија, за кои јавноста е добро запознаена, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Никола Димитров имаше активна и суштинска улога и за кои придонесе со своите ставови, а пак таквите наши позиции се целосно на линија на португалскиот предлог кој беше предлог и на словенечкото претседателство, но и целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието на Северна Македонија. Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи“, се наведува во реакцијата на Кабинетот на Заев.

Оттука додаваат дека доколку Димитров е против било што од позициите кои  биле заеднички изградени, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто. Во спротивно, велат од Кабинетот на Заев, останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел од напред да се става товар на недоверба во владата, се додава во реакцијата.

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат