Утрински Весник
Македонија

Димитров: Евентуално решение со Бугарија да биде потврдено во Собранието

Димитров: Евентуално решение со Бугарија да биде потврдено во Собранието
Dik 300x250 mk

Валидација од Парламентот за евентуално решение со Бугарија, побара денеска вицепремиерот Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ), на денешната седница на којашто беа дискутирани Заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) усвоени минатиот вторник (14 декември).

Димитров подвлече дека за надминување на состојбата потребно е обединување и заедничко делување за заштита на највисоките национални интереси пред секои други:

„ Оваа тема во државава ги надминува интересите на една или на друга влада, на една или на друга опозиција, а со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска Влада има проминентно место и на Собранието, каде што секое евентуално решение ќе оди на дебата и на валидација во Парламентот во Софија. А исто така, имајќи ја предвид и резолуцијата донесена во нашето Собрание, каде што се утврдуваат црвените линии во ова прашање од највисок национален интерес, мислам дека има логика и ќе се зголеми легимитетот ако и ние, чекор по чекор градиме политичка атмосфера, во насока дека било какво решение што мора да биде европско и мора да биде достоинствено, ќе дојде на дебата, на валидација и во македонскиот парламент.“

На седницата присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, при што членовите на НСЕИ се согласија дека ова собраниско тело треба да има клучна улога во процесот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Кога утре би имало парламентарни избори ќе имаме над 60 пратеници, СДС би била трета партија

Тајмс со нови детали: И Македонија е во играта за мигрантски кампови, македонската Влада одбила да прифати интервју за реномираниот медиум на темата

ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период