Утрински Весник
Македонија

Димитров: Евентуално решение со Бугарија да биде потврдено со расправа во Собранието

Димитров: Евентуално решение со Бугарија да биде потврдено со расправа во Собранието
Dik 300x250 mk

Валидација од парламентот за евентуално решение со Бугарија побара вицепремиерот Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ) на денешната седница на која беа дискутирани заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) усвоени минатиот вторник (14 декември).

Димитров истакна дека за надминување на состојбата потребно е обединување и заедничко дејствување за заштита на највисоките национални интереси пред секои други:

„Оваа тема во државава ги надминува интересите на една или на друга влада, на една или на друга опозиција, а со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска влада има проминентно место и собранието, каде што секое евентуално решение ќе оди на дебата и на валидација во парламентот во Софија. А исто така, имајќи ја предвид и резолуцијата донесена во нашето Собрание, каде што се утврдуваат црвените линии за ова прашање од највисок национален интерес, мислам дека има логика и ќе се зголеми легимитетот ако и ние чекор по чекор градиме политичка атмосфера во насока дека какво било решение што мора да биде европско и мора да биде достоинствено ќе дојде на дебата, на валидација и во македонскиот парламент“, нагласи вицепремиерот.

На седницата присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, при што членовите на НСЕИ се согласија дека ова собраниско тело треба да има клучна улога во процесот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник, независен кандидат се повлече од трката за вториот круг

Дали со Британија е договорено прифаќање на мигранти и мигрантски кампови во Македонија, прашува СДСМ

Се снимал додека пукал, уапсен млад тетовец