Утрински Весник
Македонија

Димитров домаќин на шпанскиот амбасадор: Проширување на соработката во важна фаза од евроинтегративниот процес

Димитров домаќин на шпанскиот амбасадор: Проширување на соработката во важна фаза од евроинтегративниот процес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, на која покрај за отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, се зборуваше и за развојот на билатералните односи и соработката помеѓу двете држави.

Димитров се заблагодарил за постојаната политичка и економска поддршка и помош од шпанска страна, изразувајќи надеж дека посветеноста да се помогне на Северна Македонија во историскиот случај со ратификувањето на пристапниот протокол за членство во НАТО, ќе се рефлектира и во поддршката на нашиот европски пат.

„Во оваа важна фаза од евроинтегративниот процес ќе треба да се насочиме кон изнаоѓање на модалитети за проширување на билатералната соработка. Помошта би била добредојдена во областите поврзани со постигнување на нашите главни реформски приоритети во области каде Шпанија има предност, меѓу другото и преку твининг соработката“, посочи Димитров.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје