Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров: Довербата во европското ветување кон регионот ќе се врати само со конкретни чекори

Димитров: Довербата во европското ветување кон регионот ќе се врати само со конкретни чекори
300x250 opst2

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска на Белград економскиот форум имаше воведно обраќање на панелот „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“.

Главниот фокус на дискусијата беше ставен на европската перспектива на регионот, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува оваа среда во Словенија.

Вицепремиерот посочи дека состанокот се случува во период кога кредибилноста на европското ветување за иднината на Западен Балкан е доведена во прашање, поради што е потребно да се испрати јасен политички сигнал и двете страни да преземат одговорност за остварување напредок.

„Нашиот проблем е што дури и најдобрата можна формулација на зборови во декларацијата од Самитот, навистина нема да биде доволна за да ја вратиме надежта и довербата во европското ветување за иднината, особено на младите – ако нема конкретен и опиплив успех што е можно побрзо. Очекувам пораката од Брдо да ги надмине декларативните заложби од Софија и Загреб со коишто се реафирмираше европската перспектива“, посочи Димитров.

Тој нагласи дека иако на Самитот нема да се носат политички одлуки, потребно е да се зајакне посветеноста на двете страни за да се унапреди соработката во областите од заемен интерес.

„Самитот треба да биде можност за да се зајакне стратешката комуникација меѓу ЕУ и Западниот Балкан, бидејќи Унијата е навистина нашиот најблизок пријател и најголем донатор. Обединет Балкан е возможен само во обединета Европа, а без Балканот ЕУ не е комплетна. Европското обединување е можно само врз основа на европскиот наратив и процесот на пристапување е основната рамка, но не може да биде функционална ако не обезбедува резултати, ако не испорачува, ако не се заснова на доверба и кредибилитет“, нагласи вицепремиерот.

На панелот учествуваа и претставници на ЕУ и земјите членки – амбасадорот на ЕУ во Србија, Емануел Жофре, амбасадорот на Словенија, Дамјан Бергант, известителот за Србија во Европскиот парламент, Владимир Билчик, како и на граѓанското општество – претседателката на Европското движење во Србија, Јелена Миниќ, додека пак модераторка беше Симонида Кацарска од Институтот за европски прашања – Скопје.

Можете да прочитате

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

Кочанчанец се заканувал на адвокати – кривично ќе одговара