Утрински Весник
Македонија

Димитров: Граничниот премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион

Димитров: Граничниот премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион

Ресен, 17 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и министерот Никола Димитров во рамки на настанот посветен на Иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, го посетија граничниот премин Маркова нога – Лемос, информирајќи за активностите поврзани со имплементација на проектот за отворање на тој значаен меѓуграничен премин.

Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион, изјави министерот во Министерството за надворешни работи Никола Димитров за време на денешната посета на Преспа.

Тој посочи дека пандемијата предизвикана од Ковид-19 го намали интензитетот на активностите, но идниот граничен премин сепак ќе биде отворен.

-Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос го почнавме со првата Спогодба што ја потпишавме со соедна Грција по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Таа Спогодба е потпишана на македонски јазик, на грчки и на англиски јазик, ратификувана од парламентите и тука е правниот основ. Имаше едно забавување заради промена на власта во Атина, потоа двете комисии заседаваа во јануари и беа усогласени протоколите на експертските групи. Исто така беше планиран состанок во Солун на 18 март, каде требаше да се усвои целиот план, и до крајот на годинава ја планиравме патната инфраструктура, плановите за објектите, геодетските анализи и еколошките елаборати да бидат изготвените. Според анализите, можно е цела реализација да се заврши за две години, појасни Димитров.

Нагласи дека идниот граничен премин е важен за локалното население, за развој на туризмот и еконономијата, тоа е шанса да заживее, како што рече, целиот овој прекрасен Преспански регион, а за  луѓето кои што тука живеат граничниот премин ќе значи зближување. мт/нд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“