Утрински Весник
Македонија

Димитров во работна посета на Виена

Димитров во работна посета на Виена

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес престојува во работна посета на Виена. Димитров ќе има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на ЕУ земји членки, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и обезбедувањето помош врз основа на принципот на солидарност. Поконкретно, Димитров ќе се осврне на реформските чекори и цврстата посветеност на Северна Македонија во надминувањето на предизвиците и исполнувањето на европската агенда, а главниот акцент ќе биде ставен на изгледите за постигнување поголема кредибилност и остварливост на европската перспектива и нејзино конкретизирање преку одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

На средбите ќе се отворат и темите повразни со билатералната соработка со Австрија како наш посветен поддржувач, која вклучува конкретна помош за спроведување на реформите во клучните области од процесот на европска интеграција, како и конкретни хуманитарни, инфраструктурни и инвестициски проекти.

Можете да прочитате

ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција во „Битолска Банка“

Во Небрегово промовирана книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“

Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР