Утрински Весник
Македонија

Димитров во прва работна посета на Париз од формирањето на новата Влада

Димитров: Нема поголем предизвик од тоа да го водам најсуштинскиот државен процес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, на 27 и 28 октомври ќе престојува во работна посета на Франција.Ова е прва посета на Париз по формирањето на новата Влада и се реализира во исклучително важен момент за Северна Македонија, во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која што треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата Методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Франција.

За време на дводневната работна посета на Француската Република предвидени се средби со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон; претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, Жан-Франсуа Рапен; Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на Претседателот Макрон, Каролин Вино, заменик на Генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника