Утрински Весник
Македонија

Димитров-Ауреску: Вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците

Димитров-Ауреску: Вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше телефонски разговор со шефот на романската дипломатија Богдан  Ауреску, кој денеска беше предвидено да го посети Скопје, но посетата беше одложена заради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19).

Како што соопшти МНР, за време на разговорот, беa упатени честитки од романска страна, како и искажана благодарност од македонска страна за континуираната поддршка од Романија за европската и евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија, долгогодишни процеси кои во март годинава беа крунисани со успех –  полноправно членство на Северна Македонија во НАТО на 27 март и донесената одлука на Советот за општи работи на ЕУ на 24 март овој месец за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби предизвикани од глобалната пандемија и корона вирусот, предизвиците и можностите за поддршка, при што беше истакната потребата од солидарност и соработка, како и вклучување на Западниот Балкан во ЕУ одговорот при справување со кризата и последиците.

Министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка кои ги карактеризираат со отворен и конструктивен дијалог и заемно почитување. Истакнати беа заедничкиот интерес и заложбите за натамошен развој на севкупните односи и соработка, особено во сферата на економијата и во таа насока беа изразени и очекувањата, во првиот можен иден период да се иницираат и реализираат билатералните посети и средби на како потврда на овие заложби. нд/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука