Утрински Весник
Економија

Димитриеска – Кочоскa: Државата се повеќе се задолжува, денеска со нови 3,5 милијарди денари

Димитриеска Кочоска: Повторно задолжување за непродуктивни трошења

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Македонија се задолжува, а нови инвестиции немаме, економијата стангира и е на последното место во Западен Балкан по раст, наведува дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во соопштение во кое стои дека денеска нашата држава ќе се задолжи за нови 3 милијарди денари или 50 милиони евра.

-На 14 јануари 2020 имавме задолжување исто така од 500 милиони денари, а на 28 јануари 2020 година 1,3 милијарди денари, стои во соопштението во кое дополнителната заменик-министерка прашува каде одат овие огромни суми, кога граѓаните не гледаат никаков бенефит.

– Со денешната аукција има 37,300 милиони евра нето долг, додека капиталните инвестиции заклучно со денеска се 16 милиони евра. Тука, според неа, се поставува прашањето каде е разликата од 21 милиони евра и за што ќе служат овие средства, наведува Димитриеска Кочовска во соопштение.

Нелогичноста, додава, оди подалеку кога ќе видиме дека Владата потрошила 450 илјади евра за изградба на депонии, а внимавајте цели 350.000 илјади евра за реконструкција на споменици и 200.000 евра на нови моторни возила.

-Државата се повеќе се задолжува, а граѓаните треба да знаат што се случува со нивните пари, додека квалитетот на живот во Македонија стагнира и никој не живее подобро. Животот на кредити и крпен живот не е тоа што го очекуваат и сакаат граѓаните во Македонија. Ваквото во најмала рака несериозно располагање со парите на народот е неприфатливо и тоа мора да се промени, стои во соопштението од дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Работна посета на претставници од Министерството за финансии на САД во Стопанската комора на Северна Македонија

Можност за работа за 200 невработени лица преку мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“

Поевтинуваат бензините и дизелот – 24info.mk