Утрински Весник
Македонија

Димитриеска Кочоска: Пресудата на Вишиот Управен суд е доказ дека се постапува спротивно на законските прописи

Димитриеска-Кочоска:Транспарентната политика на МФ е само заблуда далеку од вистината во пракса

Скопје, 19 мај 2020

Своевремено информирав за неправилностите при постапувањето во Министерството за финансии, опстукциите кон моето работење, непочитувањето на моите права како дополнителен заменик министер за финансии, како и за грубото кршење на одредбите од Законот за Владата. Моите кажувања за неправилното и незаконско постапување се покажаа како точни, за што потврдува и Пресудата на Вишиот Управен суд.

Со оваа Пресуда, Одлуката на ДИК во однос на тоа дека унапредувањата во Министерството за финансии не биле правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите се ПОНИШТУВА, а Одлуката на Управниот суд со која се потврдуваше Одлуката на ДИК се ПРЕИНАЧУВА, дотолку повеќе што истата се оценува како незаконита.

Со Пресудата на Вишиот Управен суд се докажа дека се постапувало спротивно на законските прописи и дека Министерот за финансии не го почитува моето право како дополнителен заменик министер на рамноправно учествување во остварувањето на надлежностите предвидени со Закон.

Уште повеќе оваа Пресуда е доказ дека нивното постапување е спротивно со принципот на владеењето на правото, за што јас и ВМРО – ДПМНЕ се бориме и ќе се бориме да не им помине!

Дополнителен заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава