Утрински Весник
Економија

Димитриеска-Кочоска: Донесени разни одлуки и предлог-закони за финансиите и економијата да се претстават во розово светло

Димитриеска Кочоска: Повторно задолжување за непродуктивни трошења

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА)  –  Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во реакција на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека Владата во заминување, по одлуката за предвремени парламентарни избори во октомври 2019 година, ги забрза сите активности и донесе разно разни одлуки и предлог закони, кои требаше да и помогнат во намерите финансиите и економијата да ги претстави во розево светло.

Таа додава дека за да може да прикажат некаква капитална инвестиција и вештачки да го подигнат процентот на капиталните инвестиции, Владата на седница одржана на 16 декември 2019 година, разгледувала и донела – Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Македонија за 2019 година, за купување на делот на ГА – МА АД Скопје во износ од преку 2 милијарди денари (2.020.000.000,00 денари) или 33 милиони евра, средства кои ги исплати на 30.12.2019 година и тоа кон Национални енергетски ресурси – НЕР (порано Македонски Енергетски Ресурси).

-Со оваа постапка, истакнува, јасно е дека реализација на капитални инвестиции нема, а средствата се ненаменски алоцирани. Ваквата политика носи директни трошоци на буџетот по основ на камати, кои до овој период изнесуваат над 100 илјади евра.

Посочува дека без оваа трансакција, која всушност не е реализирана, односно Владата се уште ги нема откупено акциите од АД Макпетрол, капиталните инвестиции во однос на основниот Буџет за 2019 година би изнесувале 60,81 отсто, што е очајно ниско ниво на реализација.

-Ако владата сакаше да реализира ваква капитална инвестиција, зошто навреме не презема конкретни мерки со цел да имаме вистинска реализација, а не вака да создава долгови а притоа и Макпетрол да остане неподмирен, рече дополнителната заменик-министерка за финансии.

Оцени дека  недозволиво е министер за финансии да не е запознат со тоа дали има пуштено налог во трезорот за исплата на плати.

-Веќе подолго време Нина Ангеловска се фали со реализацијата на капитални инвестиции од 78 отсто за 2019 година, а тоа  значи шминката на податоци и понатаму продолжува. Нина знае да шминка но не знае што се случува во трезорот на Министерството и дали се исплатени плати за вработените во градинките и образованието, она што треба да и биде приоритет, бидејќи македонските граѓани живеат од плати и секое задоцнување е стресно за нив, вели дополнителната заменик-министерка за финансии.

Според неа додека вработените во градинките и образованието чекаат плата, Ангеловска се однесува како да е министер без ресор, а не министер за финансии. скс/сст/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм