Утрински Весник
Спорт

Димитриевски одличен во 100. меч за Рајо, три поени против Еспањол

Димитриевски одличен во 100. меч за Рајо, три поени против Еспањол

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски имаше одличен настап во својот јубилеен 100. настап за Рајо Валјекано, правејќи клучна одбрана во првото полувреме, за на крајот неговиот тим да стигне до 1:0 победа над Еспањол за шесто место на табелата во Шпанија.

За Димитриевски ова е четврта сезона на „Валјекас“, откако Рајо прво го позајми голманот од Тарагона во текот на летото 2018 година, пред следната сезона да го официјализираат трансферот. Тој имаше одлична одбрана во 23. минута од мечот, по што Рајо стигнаа до водство во 54. минута од мечот со автоголот на Леандро Кабрера.

Со трите поени Рајо ја продолжуваат одличната сезона и во моментов се на шестото место на табелата со 27 поени, четири поени пред големата Барселона. Еспањол се деветти со 20 поени.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Димитриевски одличен во 100. меч за Рајо, три поени против Еспањол <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина