Утрински Весник
Спорт

Димитиревски: Имав договор со Барса, поради Нето не го реализирав трансферот

Dik 300x250 mk

Репрезентативецот на Македонија, Столе Димитиревски, во интервју за „Моцарт спорт“, открил како пропаднал неговиот трансфер во Барселона. Димитриевски со Рајо Ваљекано оваа сезона остана непоразен во дуелите со Барселона. Рајо два пати победи со 1:0.

Димитриевски беше клучен човек во победите на Рајо Ваљекано над Барселона, Во првиот натпревар му одбрани пенал на Депај, а во вториот со неколку одбрани не дозволи да биде совладан.

„Впечатокот е феноменален, двапати да се победи Барселона, мислам дека само Баерн Минхен успеа да го направи тоа оваа сезона во Лигата на шампионите. На првиот натпревар одбранив пенал, на вториот имав многу работа. Чувството е прекрасно, навистина сум среќен за сето тоа“, изјави Димитриевски.

Во зимскиот преоден рок тој беше пред трансфер токму во Барселона. На крајот сепак остана на „Ваљекас“.

„Да ви кажам искрено, се беше готово, вториот голман на Барселона (Нето) требаше да го напушти клубот. Поради некоја причина, тој не сакаше да го напушти клубот, па јас останав во Рајо. Од моја страна трансферот веќе беше завршен, сите детали беа договорени“.

> Димитиревски: Имав договор со Барса, поради Нето не го реализирав трансферот <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја