Утрински Весник
Македонија

Дилер фатен со марихуана во близина на основно училиште во Скопје

Мајка му донела на синот пакет со марихуана во затворот во Штип

Скопското основно јавно обвинителство ќе спроведе истрага против 41-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, осомничениот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана.

Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за осомничениот.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Постапка за оштетување на влезната врата на бугарската Амбасада

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон