35-годишната актерка го обвини очувот Вуди Ален дека сексуално ја злоупотребувал кога имала само седум години, а ваквите наводи првпат излегоа на површина за време на разделбата на режисерот со мајката на Дилан, Миа Фароу, во 1992 година.
Вуди и Миа се разделија откако беше откриено дека тој имал афера со Сун Ји Превин – која Миа ја посвои пред да се сретне со Ален – но бидејќи разделбата се случи откако Дилан ги изнесе наводите против очувот, таа мислела дека е нејзина вина што родителите се разделуваат.
Говорејќи на видео клип споделен пред последната епизода на докуентарната серија на „ХБО“, „Ален против Фароу“ – која ќе се емитува во недела (14 март), таа вели: Никогаш не разговаравме за Сун Ји или Вуди, но имав долг период на вина. Се чувствував како да сум предизвикала раздор во семејството.
„Чувствував дека ако ја чував неговата тајна дека ќе можев да ја поштедам мајка ми од целата оваа тага, и браќата и сестрите и себеси. Ниту еден од моите постари браќа и сестри не беа исти.”
85-годишниот режисер ги негираше обвинувањата и никогаш не беше покренато обвинение против него, а Дилан рече дека процесот на проценка низ кој поминала ја оставил да се чувствува како да лаже откако постојано морала да го брани своето искуство.