Утрински Весник
Македонија

ДИК ќе прави сиулација на изборниот ден во услови на пандемија

ДИК ќе прави сиулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус.

Симулацијата ќе се одржи во 14 часот, во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Во петок ќе почне комплетна дезифенција на сите избирачки места во државата, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Најголем дел од избирачките места оваа година ќе бидат сместени во фискултурните сали, а мал дел од ходниците во училиштата.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули, среда, а гласањето овојпат ќе трае до 21 часот, а не до 19 часот како досега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Консензус за реформски закони или предвремени избори – што ќе донесе лидерската средба?

Потребни се донации за операција на малиот Дамјан

СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата