Утрински Весник
Македонија

ДИК со герила акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

ДИК со герила акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила акција, за првпат досега, екипата на ДИК ги посетија Охрид и Струга. На плоштадите од двата града беа поставени две големи поставки од големо стаклено ѕвоно и гел за дезинфекција со цел да им се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите.

Со пораките „Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“, Државната изборна комисија упати апел за сигурни и безбедни избори. На плоштадите од двата града на безбеден начин се поделија едукативни брошури и флаери на случајните минувачи за безбедно гласање и точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место за да се заштити од корона вирусот.

Safety, или безбедносната брошура која што ја поделија од ДИК на граѓаните на Охрид и Струга содржеше гел за дезинфекција и маска за заштита од корона вирусот. Освен што ги информираше преку пораките и поставки, ДИК на овој начин имаше и акција за заштита на граѓаните.

Оваа герила акција се случува за првпат во нашата држава подготвена од Државната изборна комисија. Со ова, од таму покажаа неверојатна грижа за здравјето на граѓаните и континуиран напор во поставувањето на пример за државна институција која треба да се одликува со независност, непристрасност, одговорност и професионалност во работењето. Со овој пример на информирање на граѓаните и нивна заштита во време кога целиот свет е соочен во борба со невидливиот непријател Ковид-19, Државната изборна комисија постави нови стандарди во функционирањето на државните институции, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани