Утрински Весник
Македонија

ДИК: До 11 часот одѕивот е над 11 отсто, најголем во Демир Хисар – 21,33 отсто

ДИК: До 11 часот одѕивот е над 11 отсто, најголем во Демир Хисар – 21,33 отсто

До 11 часот одѕивот на гласачите на предвремените парламентарни избори е 11 проценти, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. На 3.134 избирачки места од вкупно 3.480 до 11 часот гласале 199.495 граѓани.

Најголем одѕив има во Демир Хисар каде што до 11 часот на гласање излегле 21,33 отсто од граѓаните.

„Во ИЕ 1 висок одѕив има во Аеродром, над 17,6 отсто од граѓаните гласале до 11 часот, висока е одѕивот и во Карпош 17, 07 отсто, Кисела Вода 16, 81 отсто. Од ИЕ 2 висок одѕив има во Бутел, 14,76 отсто. Во ИЕ 3 висок одѕив има во Градско, Крива Паланка 17 отсто, Лозово 17.03 отсто, Пробиштип има 20.69 отсто , што е навистина одлично. Во ИЕ 4 висок одѕив има во Дојран 17,83 отсто Демир Капија 20,77 отсто, Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16 , 55 отсто до 11 часот. Од ИЕ 5 во Битола одѕивот е 16.91 отсто, во Демир Хисар 21,33 отсто и во Охрид 13,16 отсто. Во ИЕ 6 одѕивот во Тетово е 8,13 отсто“, соопшти претседателот Деркоски.

Во ИЕ 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во ИЕ 2  9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во петтата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во шестата изборна единица 6,04 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во шест изборни единици.

Деркоски рече дека гласањето се одвива без проблеми и ги предупреди членовите на избирачките одбори да ги почитуваат процедурите и правилата како и досега за изборниот ден да помине како што треба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?