Утрински Весник
Македонија

ДИК: Во советот на општина Тетово влегуваат Беса со 12, ДУИ со 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со 2, Алтернатива и ДПА со по 1

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.

dobivaj vesti na viber

Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.

Алијанса за Албанците остана без советник во општината, а во претходниот состав имаше тројца советници.

Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ – 10, по што следеше Беса со 8.

Беса вчера ја славеше победата на плоштадот во Тетово и повика на предвремени парламентарни избори.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов