Утрински Весник
Магазин

Дизни на врвот на американскиот боксофис

насловната 1000x600

Дизниевите „Зоотопија“ и „Одмаздници“ се искачија на врвот на американскиот боксофис четири и шест години по премиерното прикажување.

Додека новите холивудски филмови се ставени во мирување или стенд-бај со околу 80 проценти од киносалите затворени ширум земјата среде пандемија на коронавирус, старите филмови се подигаат кон врвот.

Дизни владее на бокс-офисот со анимираниот „Зоотопија“ од 2016 година на првата позиција и „Одмаздници“ од 2012 година на втора. Оскаровецот „Зоотопија“ минатиот викенд заработи приближно 280,000 долари, а „Одмаздници“ 260.000 долари, според „Дедлајн“.

„Зоотопија“ освои Оскар за најдобар анимиран филм и заработи над 1 милијарда американски долари во кино благајните ширум светот во текот на првото прикажување.

Текстот Дизни на врвот на американскиот боксофис е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста