Утрински Весник
Магазин

Дизајнерката Асибе Туша до младите: Работете напорно за она што го сакате и верувам дека ќе успеете

Дизајнерката Асибе Туша до младите: Работете напорно за она што го сакате и верувам дека ќе успеете

Асибе Туша е дизајнерка од Скопје, специјализирала дизајн во Париз, Франција. Таа во интервју за Порталб.мк истакна дека за неа било полесно да се определи за оваа насока, бидејќи потекнува од семејство кое се занимава со стари занаети. За неа, дизајнот е професија која е секогаш во современите трендови и големата посветеност и донела добри приходи.

Што се однесува до периодот на пандемија, таа објасни за еден убав гест што го направила, донацијата на маски. Една од нејзините желби во иднина е да отвори нејзино студио или продавница.

Зошто го одбравте токму дизајнот како професија, кажете ни нешто за вашето патешествие во оваа сфера, како и за студиите во Франција?

– Тоа е професија која е секогаш со современите трендови и за среќа во моето семејство се занимавале со професии како што се стари занаети. Имам среќа што потекнувам од семејство што се занимаваше со ракотворби. Мајка ми се занимаваше со вакви дела, но и вујко ми, познатиот дизајнер на нашиот пазар и пошироко Изет Цури. Вујко ми е тој што ми овозможи да ги завршам обуките и специјализациите во Париз.

За сите оние млади кои се заинтересирани за овој дел, дали е ова професија со високи примања или не?

– Секоја професија што ја сакаме и на која и се посветуваме носи добри приходи. Јас давам сè од себе на работа и можам да кажам дека сум добро, но ако не го дадев максимумот тогаш не би била таму каде што сум. Младите нека работат напорно и верувам дека ќе успеат и покрај предизвиците со кои ќе се соочуваат.

Колку и како влијаеше на вас и на вашата професија пандемијата Ковид-19?

– Почетокот беше многу тежок, особено затворањето во март, но од друга страна, пандемијата ковид-19 влијаеше на секој сектор, како и на нашата професија, но верувам дека ќе се оправиме, иако ќе биде многу тешко.

Вреди да се истакне и вашата донација во ова време на пандемија, дониравте маски за луѓе, вклучувајќи лекари и новинари. Како дојдовте до оваа прекрасна идеја и зошто?

– Се сеќавам дека беше рано наутро во Скопје, третата недела на карантин. Додека чекав во аптека видов 4 луѓе кои бараат да купат маски. Во аптеките имаше само маски за една употреба, иако цените беа високи во тој период. Се чувствував погодена затоа што многу луѓе немаат економски можности да си дозволат ни маски. Воспитана сум дека во добри денови мора да станеме солидарни, посебно во тешки денови. Почнав да размислувам зошто да не помогнам, да шијам маски. Не мора да шијам и дизајнирам убави фустани, тоа за во убави времиња, сега можам да направам нешто друго за да пружам помош! Купив 100 процентен памучен материјал, исчистен, пеглан и ги шиев во чистата домашна средина. Маските беа доставени во болница. Продолжувам да шијам, а маски донирам кога и да побара некој и ќе го правам истото и понатаму. Им донирав на лекари, новинари, но и други луѓе. Сакам да помогнам, сакам да подадам рака и можам!

Каква порака или совет би им дале на младите?

-Нека работат напорно за она што го сакаат и верувам дека ќе успеат! Многу работа и без навреди, без отрови!

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста