Утрински Весник
Спорт

Диего Симеоне – Тренер со најмногу победи во историјата на Атлетико

Диего Симеоне – Тренер со најмногу победи во историјата на Атлетико
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Победата на Атлетико Мадрид над Атлетик Билбао е 309 во кариерата на Диего Чоло Симеоне како тренер на „јорганџиите“.

Симеоне, веќе една деценија е на кормилото на клубот од „Ванда Метрополитано“, на вечната листа тој престигна уште една клупска легенда, Луис Арагонес, кој како тренер на Атлетико забележа 308 победи.

Тимот на Симеоне, славеше над Атлетик 2:1, со головите на Маркос Љоренте и Луис Суарез од пенал, откако претходно гостите од Билабо водеа со голот на Икер Муниан.

Атлетико се лидери на табелата со 62 бода, шест повеќе од Барселона и осум од Реал Мадрид.

> Диего Симеоне – Тренер со најмногу победи во историјата на Атлетико <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини