Утрински Весник
Спорт

Дибиров и следната сезона во Вардар

Дибиров и следната сезона во Вардар

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Русинот Тимур Дибиров и следната сезона ќе игра за РК Вардар, потврди самиот тој на својот Инстаграм профил.

Крилото објави фотографија како го држи пехарот од Лигата на шампионите а под него стави хаштаг 2021 година.

„Еден живот, една љубов“, напиша Дибиров, за кој се сметаше дека ќе си замине од „црвено-црниот“ тим во пакет со Сергеј Самсоненко.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина