Утрински Весник
Спорт

Дибала ќе ја добие „десетката“ на Тоти

Dik 300x250 mk

Пауло Дибала кариерата ќе ја продолжи во Рома. Аргентинецот ги изненади сите со тоа што реши да ја прифати понудата на Рома откако беше блиску до потпис за Интер. Сепак, Дибала во последен момент се предомисли и реши да ја прифати понудата од римскиот клуб, а се очекува Рома денеска да го официјализира доаѓањето на големото засилување.

dobivaj vesti na viber

Дибала ќе потпише тригодишен договор со Рома според кој ќе заработува околу шест милиони евра годишно. Наводно, Аргентинецот ја донел одлуката по повикот на Жозе Мурињо, кој успеал да го убеди да дојде во Рома.

Дибала веќе пристигна на лекарски прегледи и се очекува Рома да го официјализира неговото доаѓање до крајот на денот

Исто така, се шпекулира дека Дибала ќе го носи бројот десет во Рома што никој не го носел откако Франческо Тоти ја заврши кариерата пред пет години.

Тоти изјави дека нема ништо против Дибала да го земе бројот што го носеше повеќе од 20 години, а за кој многумина веруваа дека Рома ќе се повлече од употреба, но тоа не се случи.

Ќе биде огромен притисок за Дибала да ги оправда очекувањата бидејќи е јасно колкава тежина носи бројот десет во Рома.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации