Аргентинскиот фудбалер во редовите на Јувентус – Паоло Дибала за 100-тиот гол во „црно-белиот“ дрес си се почести со автомобил марка „Lamborghini Aventador S Roadsterom“ кој чини околу 500.000 евра.
„Со Авентадор-от доживеав љубов на прв поглед. Чекав неколку години пред да го купам, но сега сум почестен и привилегиран што го имам“ изјави 27-годишниот фудбалер.
Аргентинецот инсистирал автомобилот да биде жолт.
„Ламборџини мора да биде жолт. Обожавам што можам совршено да се поистоветам со него, млад е и предизвикува силни емоции“ вели фудбалерот.
Инаку „Aventador S Roadster“ има 740 коњски сили и брзина до 100 километри на час постигнува за 3 секунди, а максималната дозволена брзина му е 350 km/h.
> Дибала си купи „Lamborghini“ од 500.000 евра <