Утрински Весник
Македонија

ДЗС ја продолжува потрагата по исчезнатото лице на Пелистер

ДЗС ја продолжува потрагата по исчезнатото лице на Пелистер
Dik 300x250 mk

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување за спасување од планина, од рано изутринава ја продолжи потрагата по лицето на планината Пелистер, кое се води како исчезнато од 13 мај 2020 година.

Од Дирекцијата информираат дека  тимот е надополнет со уште неколку членови, а по кратка координација со припадниците од МВР-СВР Битола и вклучување на две кучиња трагачи и помош од воздух со два дрона продолжиле со пребарување на теренот и  потрагата по исчезнатото лице.

Дирекцијата за заштита и спасување  е во постојана комуникација со тимот на терен и со МВР за навремено добивање на информации и информирање на јавноста. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!