Утрински Весник
Македонија

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

Владата предвиде 170 милиони евра промет, но граѓаните потрошија само 9 милиони евра за викендот без ДДВ

Просечната нето плата во септември 2020 година во земјава изнесувала 27.405 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на просечната нето исплатена месечна плата во септември годинава, во однос на септември 2019 година, изнесува 107.7, односно просечната нето плата е повисока за 7,7 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување, пак, на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на август 2020 година, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (7,1 отсто), уметност, забава и рекреација (6,4 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,2 отсто).

Притоа, според податоците на ДЗС, највисоката просечна нето плата во септември годинава е исплатена во секторот-информации и комуникации (49.713 денари) и таа е за 9,9 отсто повисока од исплатената просечна плата во истиот месец лани, а најниската просечна плата е пресметана во секторот-објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.345 денари) и таа е за 1 отсто пониска од онаа исплатена во септември месец минатата година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“