Утрински Весник
Македонија

Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар

Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар.

Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции во ЕЕАС.

Жбогар ја извршува функцијата евроамбасадор во земјава од 1 септември 2016 година, а дојде на местото на тогашниот шеф на делегацијата Аиво Орав.

Борел меѓу останатите назначувања за евроамбасадори во регионот ги номинираше и Томаш Сунјог за шеф на делегацијата на ЕУ во Косово, Оана Кристина Попа за евроамбасадор во Црна Гора, како и Николаус Мејер Ландрут за шеф на делегација на ЕУ во Турција. нд/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Син ја претепал мајка си во Скопје – заврши со тешки повреди во болница

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор