Давид де Хеа и неговата девојка, шпанската поп-дива Едурне Гарсија, во четвртокот добија принова, нивната прва ќеричка Јанај, по што голманот доби порака од Манчестер јунајтед да не брза со слободното време кое му го даде клубот.
Де Хеа во четвртокот итно се врати во својата татковина за да биде покрај својата сопруга, што значи дека нема да брани во клучното дерби со Манчестер сити во недела, и менаџерот Оле Гунар Солскјер му порача на 30-годошниот Шпанец да остане на „пауза“ до интернационалната пауза.
„Фантастичен ден за Давид. Кога ќе станеш татко… Па, можеби тоа е најдоброто можно чувство кое го имаш. Тие кои имале среќа да го почувствуваат тоа знаат низ што поминува Давид. Му дадов време да се врати назад. Со пандемијата, ситуацијата е поинаква и не може да се врати бргу, но сакавме да му дадеме шанса да биде со најблиските. Дин Хендерсон е подготвен и затоа ќе има доволно време за одмор“, изјави Солскјер.
23-годишниот Хендерсон го сочува голот во ремито со Кристал палас во средата и ќе остане на голот за дербито на Манчестер, дуелот со Вест хем, двата меча од Лига Европа со Милан, и четврт-финалето од ФА купот со Лестер на 21 март.
> Де Хеа доби ќеркичка, не мора да се брза да се враќа на „Олд Трафорд“ <