Утрински Весник
Спорт

Де Хеа ги покажа тениските вештини, Мареј го бара да играат во дубл

Де Хеа ги покажа тениските вештини, Мареј го бара да играат во дубл

Шпанскиот голман од Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа на својот Твитер профил сподели снимка на која тој игра тенис со пријателите, па во еден момент со сјаен „штоп-волеј“ освојува поен така што топчето прво удира на страната на противниците, па се враќа во неговото поле.

„Речиси сум подготвен за САД опен, АТП, дали задоцнив да добијам валјд карта? – се пошегува чуварот на мрежата на „ѓаволите“.

Од АТП одговорија со ретвит на .то со коментар – „Навистина импресивно“.

Во коментарите се јави и британскиот тенисер Енди Мареј. Тој го покани Де Хеа да му биде партнер во дубл.

> Де Хеа ги покажа тениските вештини, Мареј го бара да играат во дубл <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија