Утрински Весник
Магазин

Дејзи Ридли етикетирана како агресивна на филмските сетови

Дејзи Ридли етикетирана како агресивна на филмските сетови

Дејзи Ридли изјави дека е етикетирана како „агресивна“ и „застрашувачка“ на филмските сетови.

28-годишната актерка се сомнева во себе и смета дека треба да „биде помала“ откако ѝ било кажано дека нејзиниот пристап ги тера другите луѓе да се чувствуваат непријатно.

Таа за февруарскиот број на списанието „Татлер“ изјави: „Ми рекоа дека заплашувам. Тоа беше на снимањето на Chaos Walking („Хаос во движење“). Ми ја собраа косата, ми ставија перика. Се сеќавам како размислував: Боже, треба ли да бидам помала? Треба ли да бидам потивка?“

Дејзи откри дека неименуван режисер исто така тврдел дека понекогаш е „прилично агресивна“ поради нејзината страст за некоја улога, што ја натера актерката на „Војна на Sвездите“ да ја преиспита нејзината личност.

Британската актерка е најпозната како Реј од трилогијата „Војна на ѕвездите“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста