Утрински Весник
Спорт

Дејвис ја реши Јута, трип-дабл на Јокиќ против Оклахома

Дејвис ја реши Јута, трип-дабл на Јокиќ против Оклахома

Деневер, Лејкерси и Индијана забележаа победи на натпреварите во НБА лигата. ЛА Лејкерс со победата над Јута Џеџ 116:108 го обезбедија првото место во Западната конференција пред почетокот на плј-офот.

Лејкерси натпреварот против Јута го решиа во третиот период кога дојдоа до двоцифрена предност. Ентони Дејвис блескаше со 42 поени и 12 скокови, Леброн Џејмс забележа 22 поени, осум скока и девет асистенции.

Денвер Нагетс во драматичен меч успеа да слави против Оклахома тандер со 121:113. Победникот беше решен во продолжението откако во регуларниот дел резултатот беше 109:109. Крис Пол во самиот финиш погоди само едно од двете слободни фрлања.

Денвер со трипл-дабл го предводеше Никола Јокиќ со 30 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Мајкл Портер јуниор го одигра мечот на јариерата (37 поени и 12 скока).

Денвер се трети на Западот, а Оклахома е на шестото место и можно е овие два тима да се сретнат во плеј-офот.



Индијана предводена од ТиЏеј Ворен успеа да ги победи Вашингтон Визардс со 111:110. Ворен натпреварот го заврши со 34 поени и 11 скока.

> Дејвис ја реши Јута, трип-дабл на Јокиќ против Оклахома <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига