Утрински Весник
Спорт

Дејвис порасна со Меси како идол, сега вечерва ќе мора да го сопре!

Дејвис порасна со Меси како идол, сега вечерва ќе мора да го сопре!
Dik 300x250 mk

Талентираниот канадски бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис проговори за својот „омилен фудбалер“ Лионел Меси, кого го гледал додека растел, и како вечерва ќе мора да го чува Аргентинецот во четврт-финалето на ЛШ.

19-годишниот Дејвис, кој имаше фантастична сезона и 40 настапи за Баерн, во кои оваа сезона ниту еден противнички фудбалер не успеа да го издрибла, во интервју за УЕФА зборуваше за своето детство, во кое прв идол му беше токму Меси.

„Одев на фудбалска академија, така што секоја среда или четврток, околу 12 часот по канадско време, гледавме мечеви од Лигата на шампиони. Сите сонувавме да играме во Лигата на шампионите, а сега ќе играм против мојот омилен фудбалер на планетата, Лионел Меси. Искрено, немам зборови да го опишам чувството. Се слушнав со мајка ми вчера и татко ми се уфрли со зборовите: ’Ќе играш против Меси, гледам?’. И потоа почна да се смее на телефон, бидејќи знае колку го сакав“, вели Дејвис.

Притисокот на тинејџерот е зголемен откако генералниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге кратко изјави дека „Дејвис ќе се погрижи за Меси“, но како вистински професионалец, тој вели дека е подготвен.

„Ќе ја играм мојата игра, нема да сменам ништо и се надевам дека ќе го дадам максимумот. Сите знаеме дека е голем фудбалер и тоа нема да го одземеме од него. Возбуден сум што ќе играм и подготвен сум“, вели Дејвис.

> Дејвис порасна со Меси како идол, сега вечерва ќе мора да го сопре! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс