Малку е веројатно дека некогаш ќе се снимаат нови епизоди на „Пријатели“, според Дејвид Швимер.
54-годишниот актер го глумеше Рос Гелер во хит серијата – која траеше од 1994 до 2004 година и се фокусираше на шест блиски пријатели кои живеат во Њујорк – а фановите беа пресреќни кога тој и другите петмина од актерскиот тим Метју Пери, Лиза Кудроу, Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Мет Лебланк, се обединија за да зборуваат за своите искуства во серијата.
Нивната средба беше насловена Friends: The Reunion.
Иако го радуваат повиците за повеќе епизоди, Дејвид нагласи дека тој и неговите колеги како и креаторите – Дејвид Крејн и Марта Кауфман – се согласуваат дека е најдобро серијата да се остави недопрена затоа што ликовите би биле во различна фаза од нивниот живот.
Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“, тој рече: „Креаторите на серијата се со истиот ум како и ние, што значи дека тие го сакаа начинот на кој заврши.“