Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Дејвид Бекам има нова летна фризура

Дејвид Бекам има нова летна фризура
Img 7972

Сопругот на една од најстилските жени во светот и модна дизајнерка Викторија Бекам секако дека не е рамнодушен кон модата и прилично обрнува внимание на својот изглед.

Прославениот фудбалер Дејвид Бекам често добива пофалби за својот впечатлив изглед и добриот моден избор со посебен акцент на фризурата.

Во помладите години, во текот на 2000 -тите, Дејвид носеше фризура која по него беше наречена „Бекамка“ и подоцна ја копираа многумина. Во неговите позрели години, англиската фудбалска легенда најчесто носеше уредна кратка коса без премногу експериментирање, а сега на 47-годишна возраст, Дејвид одлучи повторно да ги отпушти сопирачките.

Тој целосно ја осветли својата кратка коса, а на следачите на Инстаграм им се пофали со новиот летен изглед додека ужива со своето семејство на брегот на Италија.

На фотографиите се гледаат ќерката Харпер Севен, синот Круз, кој ја обои косата во розова боја, и родителите на Бекам.

 

Можете да прочитате

Денес посетете го чудотворниот камен во манастирот Свети Никита на Скопска Црна Гора

Меѓународното рели на олдтајмери „Бахус класик рели“ тргна од Скопје, во следните седум дена ќе поминат 1060 километри

Со џипови и мотори организирано на планината Кожуф