Утрински Весник
Магазин

Дејвид Бекам ги насмеа фановите со видеo од Јадран: Не можам ни кафе да се напијам на мир

Дeјвид Бекам ги насмеа своите следачи на Инстаграм со најново видео од семејниот одмор во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Тој се пошегува на сметка на сопругата Викторија и напиша дека не може ни кафе на мир да испие.

Пензионираниот фудбалер во видео покажува како ужива во кафе на јахта додека плови по Јадранот, но Викторија упадна во кадар додека ги извршува своите утрински активности.

Досега видеото го погледнале повеќе од два милиони луѓе.

Модната дизајнерка вежба на палубата, а потоа на својот Инстаграм го сподели видеото на нејзиниот сопруг и одговори на неговата шега.

„Се чини дека Дејвид повторно ги прескокна вежбите за нозе“, напиша таа на Инстаграм-стори.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста