Утрински Весник
Македонија

Деца ги нападнале родителите, мажи сопругите – четири случаи на семејно насилство пријавени синоќа во полицијата

Dik 300x250 mk

Четири случаи на семејно насилство синоќа биле пријавени во полицијата. Во два одделни настани деца ги нападнале мајка си и татка си, додека во останатите дечко ја нападнал својата девојка, а маж сопругата.

Како што информираат од полицијата, вчера на пладне во Велес, приведен е Н.П.(22) од градот затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка.

Во Кичево околу 21 часот приведен е Б.А.(34) од кичевското село Јагол кој, претходно, физички и со тврд предмет го нападнал неговиот татко.

Истовремено, во Струмица бил извршен службен разговор со В.Т.(34) затоа што претходно физички нападнал 37-годишна струмичанка со која бил во врска.

Последната пријава е по 3 часот во Скопје, пришто приведен е 69-годишник кој физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Вчера полицијата информираше за пет други случаи на семејно насилство.

Можете да прочитате

Ахмети: Не се повлекувам, јас победив на овие избори

ВМРО-ДПМНЕ „на готово“ доби уште една општина – се повлече независниот кандидат за Могилa

ВРЕДИ: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”