Децении пред да стане една од најголемите и најплатени холивудски ѕвезди, Марк Волберг беше рапер познат како Марки Марк.
50-годишниот актер има четири деца – Ела (18), Мајкл (16), Брендан (13) и Грејс (12) – со неговата сопруга Рија.
На гости кај Елен Деџенерес, Волберг го промовираше својот нов филм „Отец Сту“, кога таа го праша за старите видеа на Марки Марк. Откри дека неговите деца не ги прифатиле добро. „Ми рекоа дека сето тоа било многу глупо.“
Бостонецот го основаше бендот „Марки Марк и фанки банч“ во 1990 година и имаше хит песна Good Vibrations со Лолеата Холовеј.
Тој исто така се прослави со голем број реклами за долна облека за Келвин Клајн пред да ја започне својата актерска кариера.
Кога Елен го праша дали неговите деца го виделе како настапува, Волберг додал: „Тие гледаа видеа од мене како настапувам и се вознемирија.“
„Доколку ја видат фотографијата со мене во долна облека… о Боже, многу би се засрамиле“, додаде Волберг.