Утрински Весник
Македонија

Децата кои немаат компјутери за онлајн настава, часовите ќе ги следат во училниците

Уште се чека мислењето на Комисијата за заразни болести за наставата од 1 септември

Министерство за образование и наука информира дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следење на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата.

„За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присуство, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од ковид-19. За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени,“ соопштија од МОН.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!