Утрински Весник
Македонија

Дехари упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Дехари упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Кичево, 24 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари упати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед по повоd големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

– По завршувањето на светиот месец Рамазан каде што верниците од исламска вероисповест ја покажаа својата посветеност и солидарност за да ги исполнат заложбите и религиозните обврски, доаѓа големиот празник Рамазан Бајрам, пишува Дехари.

Овој празник симболизира разбирање и љубов за сите луѓе, а особено за оние кои се во најтешка социјална ситуација и им треба подадена рака од општеството и државните институции.

По повод овој ден, упатувам искрени честитки за сите верници на муслиманската вероисповест кои живеат во Кичево и секаде во светот,
додава Дехари во честитката. рз/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Пријавено оштетување на вратата од Амбасадата на Р. Бугарија

МВР: Повторените Локални избори 2025 завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти