Кичево, 2 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, на синоќешната забава која се одржа во парк-шумата Кале во Кичево, за време на полицискиот час, со видео-порака, на кичевци им го честита 1 мај.
– Денеска е 1 мај, Ден на работникот. Иако не се слави во сите земји од светот, сепак за мене зборот работник, во мојата душа опфаќа значајно место, како и во моето семејство и за целиот мој народ, истакна Дехари.
Тој наведе дека сите сме во вонредна ситуацијата што го зафати целиот свет, во пандемија од Ковид-19, наведе градоначалникот на Кичево, додавајќи дека во првите редови во борбата со оваа пандемија се работниците, односно здравствените, полициските работници, припадниците на армијата, новинарите, административните работници, општите работници, земјоделците, сточарите…
– Затоа јас сум овде за да давам подршка да не се вознемируваме и да продолжиме сите како работници за да се бориме со овој случај, рече Дехари.
Тој упати апел, да продолжиме како одговорни работници, имајќи физичко растојание, а не социјално, да се бориме во вакви ситуации.
– Ние почитувајќи се еден со друг сме постигнале да бидеме еден чист незаразен град, да продолжиме да бидеме пример на будност, почитување и дициплина и заедно ќе излеземе од оваа ситуација со надеж, истакна градоначалникот.
Тој покрај Денот на трудот го честита и светиот месец Рамазан, посакувајќи добро здравје во сите семејства.
– Да продолжиме со оваа дисциплина, организирани да се подржуваме еден со друг, да ги почитуваме препораките кои ги даваат овластените институции и да почекаме една подобра иднина и сосема на крај, да ги подржиме младите на секаква инцијатива како што е вечерашнава ,која е скромна но многу значајна, не очекува подобра иднина, бидете уверени за сите нас без исклучок , заклучи Дехари.рз/см/