Утрински Весник
Спорт

Деулофеу: Не ме интересира што се случува во Барселона

Деулофеу: Не ме интересира што се случува во Барселона

Поранешниот фудбалер на Барселона Џерар Деулофеу во интервју за „Радио Каталуња“ говорел и за ситуацијата во која се наоѓа клубот, а проговрил и за новиот тренер на „блауграна“ Роналд Куман.

Куман во периодот од 2016 до 2017 години му бил тренер на Деулофеу во Евертон. Во овој период фудбалерот побарал трансфер и го напуштил „Гудисон парк“.

„Куман апсолутно ништо не ми обезбеди. Не бев среќен, побарав трансфер и се преселив во Милан. Ќе видиме како ќе му оди со Барселона“, рекол Деулофеу.

„Немам што друго да кажам за него. Ситуацијата во Барселона не ме интересира. Кога ќе размислам гајле ми е што се случува таму“.

Деулофеу една сезона беше во првиот тим на Барселона (2017/2018) но не доби вистинска шанса поради што се пресели во Вотфорд.

„Во Барселона немаат трпение за играчите кои доаѓаат од Ла Масија. Доколку на млад играч му дадеш време, тој ќе научи како треба да игра. Многу фудбалери дојдоа од Ла Масија, но во клубот немаат трпение за нив. Сега ќе има промени, но доцнат со нив“, заклучил Деулофеу.

> Деулофеу: Не ме интересира што се случува во Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД