Утрински Весник
Македонија

Детектор: Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места

Детектор: Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места, покажуваат резултатите од најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Во анкетата 77,7 проценти од испитаниците рекле дека треба да се ограничи бројот на казина и спортски обложувалници, додека 14,8 проценти не се согласуваат со тоа. Седумдесет и девет проценти од граѓаните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека 14 проценти се против. Според 69,5 проценти од анкетираните дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места, а со тоа не се согласуваат 22,2 проценти. . Со став дека казината и обложувалниците треба целосно да се забранат се 48,2 проценти, додека 39,2 проценти не се согласуваат со тоа.

Седумдесет и пет проценти од анкетираните се согласуваат дека казината и спортските обложувалници треба да плаќаат повисок данок, додека 12,3 проценти не се согласуваат со тоа.  Само 22,1 процент од граѓаните во анкетата рекле дека одат во спортски обложувалници, а две третини, или 75,9 проценти велат дека не се обложуваат во спортски обложувалници. Очекувано, поголем број од оние кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34,5 проценти од мажите велат дека се обложуваат, додека тоа велат дека го прават само 9,8 проценти жени. Во анкетата 63,8 проценти од мажите и 88 проценти од жените одговориле дека не посетуваат спортски обложувалници. Близу половина од оние кои се обложуваат или 46,7 проценти тврдат дека трошат до 500 денари месечно.

Во обложувалниците месечно трошат меѓу 500 и 1.000 денари 37,7 проценти од анкетираните, седум проценти трошат од 1.000 до 5.000 денари месечно, додека 2,9 проценти над 5.000 денари секој месец. Повеќе од половина од анкетираните или 52 проценти се на ставот дека државата не треба да организира игри на среќа, а 38,1 процент немаат против државата да организира вакви игри. Сепак, 76,4 проценти од анкетираните велат дека државата не треба да набавува апарати за игри на среќа, додека само 10,4 проценти сметаат дека државата треба да инвестира во овој бизнис.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1 104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти.лв/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор