Утрински Весник
Македонија

Детектор: Граѓаните со поделени очекувања околу можноста идната година да се одржи попис на населението

Детектор: Граѓаните со поделени очекувања околу можноста идната година да се одржи попис на населението

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Граѓаните со поделени очекувања околу можноста идната година да се организира попис во нашата земја, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето Дали верувате дека следната година ќе има попис 37,2 проценти од испитаниците рекле „да“, додека 35,4 рекле „не“. Останатите 27,4 проценти одговориле со „не знам“.

Над половина од граѓаните на пописот гледаат како на политичка операција додека само една четвртина сметаат дека тоа е статистичко пребројување на народот. 56,2 проценти сметаат дека пописот е политичка, а 24,9 отсто статистичка операција.

Прашани дали графата националност треба да стои во пописот, 74,8 рекле „да“, наспроти 14,1 процент „не“.

На прашањето за што е најважен пописот – 38,3 проценти од анкетираните сметаат дека пописот е важен за да се пребројат граѓаните, 33,9 отсто сметаат дека оваа операција е важна за да се планира идниот развој на државата, додека 18,6 проценти на него гледаат како алатка за пребројување на етничките заедници.

Прашани дали сметате дека резултатите од пописот треба или не треба да влијаат врз правата на етничките заедници 31,2 рекле „да“, наспроти 49,7 проценти „не“.

На прашањето кој е одговорен што немаме попис на населението уште од 2002 година најголемиот дел или 42,5 проценти од анкетираните граѓани одговорноста ја лоцираат кај сите политички партии. Постоа 16,1 процент за тоа го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ, 9,3 отсто ДУИ, 8,5 проценти Државниот завод за статистика и 2,9 проценти СДСМ.

Прашани дали сметаат дека пописот во 2002 година беше точен, мнозинството или 51,2 проценти рекле „не“, додека 35,3 проценти „не знам“, а само 13,5 процнети „да“.

Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1.104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти. аа/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме